Германскиот тенисер Александар Зверев застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ откако навивачите во Род Лејвер Арената го испратија со свирежи. Ѓоковиќ поради повреда му го предаде мечот на Зверев по завршувањето на првиот сет.
Веднаш по мечот, светскиот тенисер број два побара од сите на трибините да покажат поголема почит кон најдобриот светски тенисер на сите времиња.
„Ве молам, никогаш немојте со свирежи да испраќате тенисер кој мораше да го напушти теренот поради повреда. Тоа едноставно се прави, особено не ако тој некој е Новак Ѓоковиќ. Тој е голем шампион, со големи болки освои титули на овој терен, играше повреден и тој заслужи поголема почит. Знам дека купивте билети, сакавте да гледате меч од пет сета, но тоа не е причина за такво однесување“, изјави германскиот тенисер и додаде:
„Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите момци во светот на тенисот. Секогаш кога имам проблем или треба да разговарам со некого, му се јавувам. Тој е прекрасен лик и му посакувам да закрепне што е можно поскоро Тој е толку добар тенисер што едвај успеав да освојам сет, во тај брејк, кога тој беше толку повреден. Забележливо беше во финишот на првиот сет дека тежко се движи, дека има болки и дека не може да продолжи“.
The ultimate respect, from one competitor to another.@alexzverev 🤝 @djokernole#AO2025 pic.twitter.com/smH1WI5Fge
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2025