Top Sport

Зверев ја наследи Штефи Граф со олимпиското злато

Германецот Александер Зверев покажа дека е во најдобрата форма во својата кариера, освојувајќи го олимпиското злато во тенис, победувајќи го рускиот ривал Карен Хачанов за само 79 минути со 6:3/6:1.

Ова е прв златен медал во тенис за Германија од легендарниот успех на Штефи Граф во Сеул во 1988 година, година во која Германката стигна до „златниот слем“ – четирите гренд слема и олимписката титула.

Ова е 16-та титула во кариерата за Зверев и трета оваа година, а меѓу круните има и четири АТП Мастерс 1000 титули и АТП финалето во 2018, но не и гренд слем титула. Бронзата веќе беше освоена од Шпанецот Пабло Карењо Буста по победата над Новак Ѓоковиќ во мечот за трето место во саботата.

Scroll to Top