Германскиот тенисер Александар Зверев поради повреда на скочниот зглоб ќе отсуствува од теренот шест до осум недели, објави новинарот на францускиот „Тим“, Квентин Мојн.
Зверев се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос на мечот против Рафаел Надал, поради што го предаде мечот пред тај-брејкот од вториот сет.
Набргу потоа објави дека се работи за тешка повреда, а како што стојат работите ќе отсуствува и до два месеци.
Тоа значи дека ќе го пропушти Вимблдон кој се игра од 27.јуни, но ќе се обиде да се врати навреме за Ју-ес Опен кој е закажан за 29.август.
Зверев од следниот понеделник ќе биде вториот тенисер во светот.