Top Sport

Зверев не е сигурен дали ќе игра на Ју-ес опен

Вториот тенисер во светот Александар Зверев се уште не е сигурен кога ќе се врати на теренот по операцијата на скочниот зглоб. Тој се здоби со повреда во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал кога незгодно се лизна, поради што мораше да го предаде мечот.

Неколку дена подоцна тој беше опериран, а процесот на опоравување се уште е во тек.

„Не знам дали тоа ќе играм на Ју-ес опен. Би морал да одиграм неколку турнири пред него, а датумот за враќање во моментов не сум го одредил. Се опоравувам, нема да одам на Ју-ес опен за да поминам неколку кола, одам да ја освојам титулата. Нема да се вратам се додека не ја достигнам вистинската форма“, изјави Зверев.

Зверев минатата сезона, на Ју-ес опен, беше елиминиран во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top