Top Sport

Зверев од Раониќ доби час по тенис

Милош Раониќ ќе игра во четврт-финалето на Австралијан опен, откако го декласира четвртиот носител Александар Зверев со 6/1, 6/1, 7/6. Раониќ за 122 минути го мина Германецот и во наредната рунда ќе игра против Борна Чориќ или Лука Пуи.

Зверев, кој минатата сезона ја заврши со победа на завршниот Мастерс, во кариерата никако не успева да стигне подалеку од осмина-финалето на Австралијан опен. Оваа година не можеше против Раониќ, кој одигра перфектен меч, особено во првите два сета кога Германецот освои само два гема.

Лош процент на реализацијата на првиот сервис, само осум винери и дури 16 неизнудени грешки, придонесоа Зверев да губи со 2:0 во сетови, а поради тоа настрадат и неговиот рекет.

Во третиот сет конечно 21-годишниот Германец ја пронајде својата игра, меѓутоа Раониќ не попушти во ниту еден момент. Тенисерот роден во Црна Гора, имаше меч топка во десеттиот гем, а потоа во 13. гем го доби мечот иако Зверев имаше 1:3 и 2:4 во тај-брејкот.

Scroll to Top