Top Sport

Брејди ги однесе Њу Ингланд во уште едно НФЛ финале

Њу Ингланд Петриотс повторно ќе играат во Супербоул финалето. Таму ги однесе веројатно најдобриот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди.

Петриотс, во финалето во АФЦ конференцијата, по едно продолжение ги победија Канзас сити Ќифс со 37:31 (31:31).

Квотербекот на Петриотс, Брејд, продолжи да соборува рекорди бидејќи деветти пат избори финале во кариерата, додека Њу Ингланд 11. пат во клупската историја ќе се борат за титулата.

Брејди мечот го заврши со 348 префрлени јарди, еден тачдаун и два интерсепшн.

Во финалето Петриотс ќе играат против Лос Анџелес Ремс кои во контроверзна завршница успеаја да ги совладаат Њу Орлеанс Сјнтс со 26:23.

Најголемиот натпревар во американскиот фудбале, Супербоул, ќе биде одигран на 3. февруари во Атланта.

Scroll to Top