Top Sport

Зверев предизвика скандал – АТП го исфрли од турнирот во Акапулко

Александар Зверев е дисквалификуван од турнирот во Акапулко. Германецот предизвика скандал по завршувањето на мечот во двојки. Зверев и Марсело Мело испаднаа од Лојд Гласпул и Хари Хелиовара.

Во текот на мечот, Зверев, имал неколку жестоки расправии со судијата, незадоволен од неговите одлуки. По завршувањето на мечот, наместо да се поздрави со судијата, тој со рекетот удирал по судиското столче.

Сите актери на теренот биле изненадени од неговото однесување, а публиката го награди со концерт од свирежи.

АТП експресно реши да го санкционира ова скандалозно однесување на третиот светски рекет. Го исфрли од турнирот, што значи дека Германецот нема да ја брани титулата освоена минатата година.

 

Scroll to Top