Top Sport

Зверев преживеа пеколни пет часа против Сонего, ветеранот Монфис со победа го прослави 40-от роденден

Германскиот тенисер Саша Зверев славеше на почетокот од Отвореното првенство на САД со многу проблеми.

Првиот носител, во отсуство на повредениот Јаник Синер, го победи Италијанецот Лоренцо Сонего по пресврт – 6:4, 3:6, 6:7 (7), 7:5, 6:4.

Мечот заврши во 2:00 часот по локално време, по речиси пет часа голема борба.

Во четвртиот сет, Зверев беше на еден гем од елиминација, но во 11-от направи клучен брејк за израмнување.

Во претходните три сета, играчот што го освои сетот го правеше тоа со еден брејк.

Драмата го достигна својот врв во решавачкиот сет, при што двајцата пропуштија шанса за брејк на почетокот.

Саша беше поуспешен во петтиот гем и не му дозволи на 89-тиот играч на планетата да му наштети до крајот на мечот.

Негов следен ривал, во четврток, ќе биде Квентан Алис, кој го победи Дијас Акоста со 3-1.

Гаел Монфис ги игра последните месеци од својата кариера, но тоа не го спречува да игра фантастично. Утрово на Ју-ес опен, Французинот го прослави својот 40-ти роденден со победа.

„Ова е навистина нешто неверојатно посебно“, рече Монфис додека публиката му пееше „Среќен роденден“.

Тој го победи 60-от на АТП лустата, Адолфо Даниел Ваљехо од Парагвај, со 2:6, 6:1, 6:2, 6:0.

„Атмосферата тука е секогаш фантастична“, ги пофали гледачите Монфис.

Ветеранот ќе има многу потешка задача во второто коло, против еден од младите играчи чие време доаѓа. Лернер Тијен има само 20 години, веќе беше рангиран на 15-то место во светот, а во првото коло го елиминираше Нун Боржеш со 6:4, 6:1, 6:2.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');