Top Sport

Зверев: Првпат во животот немам волја да играм!

Германскиот тенисер, Александер Зверев западна во голема криза во оваа календарска година и признава дека нема волја следните денови ниту рекетот да го држи в раце по разочарувачкиот пораз од Италијанецот Матео Беретини на Мастерсот во Рим.

22-годишниот тенисер со руско потекло во ноември лани успеа да се икачи на третата позиција на АТП листата, пред Федерер. Но во 2019 година никако да ја најде препознатливата форма. Посебно лошо му оди во последно време на земјени терени.

Забележа порази од Фоњини, Жери, Гарин, Циципас, а најновиот пораз се чини ја прелеа чашата.

„Првпат неколку дена да не сакам ниту да допрам тениски рекет. Немам волја да играм тенис. Бевме толку далеку од професионализам овие денови, ќе мора за тоа да разговараме. Лани играв толку добро затоа што не се занимавав со ништо освен со тенис. Овојпат бев мртов уморен штом ќе излезев на терен“ – вели Зверев.

Тенисерот нагласува дека е разочаран и огорчен од се што се случува, но вели дека нема намера да го пропушти Роланд Гарос.

Гренд-слем турнирите досега му се најголемата слабост. Најдобриот резултат му е четвртфинале во Париз, додека на останатите никогаш не стигнал подалеку од четврто коло.

Scroll to Top