Карлос Алкараз ја освои титулата на Ролан Гарос. Во финалето го победи Александар Зверев со 3:2 (6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2).
По Ју-ес опен и Вимблдон, третиот тенисер во светот стигна до уште една титула на Грен слем турнирите. Финалето, траеше четири часа и 19 минути.
Двајцата тенисери нервозно влегоа во мечот, на стартот си разменија по бреј, а потоа Алкарас лесно го доби сетот. Зверев возврати со иста мерка во вториот сет.
Третиот сет фуриозно го почна Алкараз, а во исто стил го заврши Зверев. Шпанецот дојде до предност од 5:2, а потоа Зверев возврати со пет гема во низа за предност од 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет на теренот постоеше само Алкараз, на притивникот му дозволи само еден гем.
Последниот сет донесе неколку котроверзи. Алкараз повторно прв стигна до брејк, но Зверев беше блиску до експресен риб-брејк во следниот гем кога поведе со 0:40.
При резултат 15:40, впечатокот беше дека Алкараз испрати една топка во аут, но судијата покажа дека топката е добра, на крајот Шпанецот го доби гемот.
Тоа не беше ни последна шанса за Германецот, во секој сервис гем на Шпанецот имаше брејк топка, но во решавачкиот срт не искористи ниту една. На крајот брејк топките пресудија, Зверев од 23 топки за бреј само шест.