Top Sport

„Зверев само се глупира на Инстаграм, не размислува на тенис“

Поранешниот прв светски тениски рекет, Хуан Карлос Фереро го тренираше германскиот тенисер Александер Зверев (22) цели 8 месеци, во 2017 и 2018 година, па се разделија на Австралија Опен. Фереро веруваше во младиот тенисер, но смета дека му треба дисциплина за да напредува.

Две години подоцна Шпанецот испрати низа критики за Германецот.

„За да ги стигнат Федерер, Надал и Ѓоковиќ, Зверев и останатите млади играчи мораат да напредуваат надвор од теренот. Клучот е во храната и физичката подготовка. Го тренирав 8 месеци. Често одеше напред назад во секој меч и мислам дека поради тоа се уште нема освоено грен слем. Кога сте млад и кога ќе заработите големи пари, тоа може да е проблем. Премногу се фокусираат на работи надвор од тенисот – телефони, друштвени мрежи и пријатели, кои одеднаш се тука за вас. Гледам како се глупираат на Инстаграм и воопшто не мислат на тенис. Зверев може да помине 3 часа на терен, но не може квалитетно да тренира час и половина. Знаеше да застане, да протестира, да се лути, секакви работи му одвлекуваа внимание“ – објасни Фереро.

Scroll to Top