Top Sport

Стеф Кари: Јас бев првиот во НБА тестиран на Ковид 19

Двојниот МВП во НБА лигата, играчот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари им откри на медиумите во САД дека тој бил првиот кошаркар во лигата кој бил тестиран на коронавирусот.

„На петти март го одиграв својот прв натпревар во НБА, по повредата, а гласините за вирусот беа раширени низ лигата. Таа ноќ не се чувствував добро, а температурата ми беше висока и се уште растеше. Си помислив ` зарем е ова можно, само што се вратив на теренот, а вака не би можел да му помогнам на семејството`. Сепак, за среќа, тестот беше негативен, но целото искуство ме здрма“ изјави Кари за американски „Тајмс“.

Кари бил тестиран на 6. март, пет дена пред да биде објавено дека центарот на Јута, Руди Гобер е заразен со коронавирус, по што беше прекината сезоната.

„Имаме можност да покажеме дека сме хумани, иднината на светот зависи од тоа колку сме подготвени да помогнеме“ вели Кари.

Стеф и неговата сопруга Аиша водат добротворна фондација која засега обезбеди милион оброци за загрозените во Оукленд, град каде се наоѓа семејството на НБА кошаркарот .

Scroll to Top