Германскиот тенисер Александер Зверев и официјално се квалификуваше за прв настап на АТП-финалето, елитниот турнир за најдобрите осум тенисери во една календарска година.
20-годишниот Зверев ќе биде најмладиот тенисер кој учествувал на турнирот по Хуан Мартин дел Потро во 2008 година, една година откако турнирот се пресели во „О2 Арената“ во Лондон.
Зверев имаше фантастична сезона во која освои две титули – Мастерс турнирите во Рим и Монтреал за да се искачи на 4. место на АТП-листата. Тој им се приклучува на доминантните Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои веќе имаа обезбедно пласман на турнирот кој стартува на 12 ноември.
„Голема чест е да се игра во ‘О2 Арената’ со најдобрите на светот. Знам дека атмосферата ќе биде фантастична и ќе бидам подготвен за голем турнир“, изјави Зверев.
Германецот исто така се квалификуваше и за првото „Некст џен“ финале во Милано, каде што ќе играат најдобрите тенисери под 21 година. Тој добива право да го „прескокне“ тој турнир.