Top Sport

Патрик Бергер стана модел

Легендата на Ливерпул, Патрик Бергер, заедно со неговата ќерка Валентина, помогна да се промовира новата модна колекција на англсикиот фудбалски тим. Колекцијата на модни додатоци на Ливерпул првпат беше покажана во 2015 година.

Бергер, кој помина седум години на „Енфилд“ и со Ливерпул го освои ФА купот и УЕФА купот, беше задоволен да го покаже новото палто на Ливерпул од 150 фунти, додека неговата ќерка позираше во џемпер на клубот, кој чини 90 фунти.

„Секогаш е фантастично искуство да се работи со клубот кој го сакате, а искуството оваа фото-сесија да ја направиме со мојата ќерка го направи моментот уште поспецијален. Мислам дека покажавме дека добриот стил е во крвта“, вели Бергер, кој се повлече од фудбалот во 2010 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top