Германскиот тенисер со руско потекло, Алексадер Зверев „одеше по работ“ во Њујорк на полуфиналниот меч против Пабло Карењо Буста. Губеше со 2-0, и тогаш следуваше неверојатен пресврт до конечни 3-2(3:6, 2:6, 6:3, 6:4, 6:3“ за прво грен-слем финале за младиот тенисер.
Шпанецот е голем трагичар затоа што неговата рака во третиот сет „почна да се тресе“, па следуваа брејковите на Германецот.
Во второто полуфинале без поголеми проблеми Доминик Тим со 3-0 славеше триумф над Русинот Данил Медведев, кој лани на САД опен беше во финалето, со 6:2, 7:6, 7:6.
Ова за Тим е четврто грен слем финале во кариерата и најолема шанса до сега да дојде до првиот пехар. Досега двапати губеше од Надал на Ролан Гарос и еднаш од Ѓоковиќ
Менталната сила на Австриецот е голема, иако во вториот и третиот сет со Медведев уште на стартот го губеше својот сервис, сепак се враќаше во мечот.
Деветпати досега Зверев и Тим играле еден против друг, а билансот е 7-2 за Австриецот кој триумфираше во последните 3 нивни пресметки.