Top Sport

Зверев: Синер е како Ѓоковиќ во најдобрите денови, друг универзум

Александар Зврев му подели комплименти на Јаник Синер од кого загуби во финалето на Австралија опен со 0:2 (3:6, 6:7, 3:6).

Зверев по мечот беше запрашан дали Синер повеќе личи на Новак Ѓоковиќ или на Рафаел Надал.

„Тој е многу, многу сличен најдоброто издание на Новак. Тој едвај промашува. Многу е тешко да се освои поен од основната линија против Новак и него. Тие се константни. Не ви даваат простор. Тој е премногу добар. Ќе направам се што можам за да можам да се натпреварувам со нив и да освојам трофејот, но ова денес воопшто не беше добро“, рече Зверев.

Синер и претходно беше доминантен, на Ју-ес опен.

„Тој е убедливо најдобар. Фактите зборуваат сами за себе. Тој ги освои сите Грен слемови на тврда подлога од минатата година. Загуби само три или четир меча на тврда подлога. Тој сега е друг универзум за сите”, вели Германецот.

Зверев го победи Синер на Ју-ес опен во 2021 и 2023 година. Но, Синер сега е поинаков играч

„Тој сервира подобро. Ритернира подобро. Подобро се движи, подобро ги игра волеите. Нема ништо што не го прави подобро во моментов. Да, сега тој е како Новак во неговите најдобри денови. Тешко е да се пробие. Тој е многу подобар играч сега.“ отколку што беше“, истакна Зверев.

Scroll to Top