Top Sport

Зверев смета дека Бекер може да помогне Германија да го освои АТП Купот

Моментно седмиот светскиот тенисер, Александер Зверев (22) изрази големи амбиции на Германија за дебито на АТП Купот откривајќи дека тимот ќе атакува на титулата под водство на капитенот, легендата Борис Бекер.

Германците, во чиј состав влегуваат Јан-Ленард Струф, Матс Мораинг, Кевин Кравиц, Андрес Мис, се во група со Австралија, Грција и Канада.

„Имаме добар тим. Во екипата се најдобрите играч во двојки, Јан-Ленард и Матс се одлични играчи во синглови. Затоа сакаме да си дадеме најдобра можна шанса за победа на турнирот, и мислам дека Борис може да игра голема улога во тоа. Тој може да ни помогне многу од клупата со својата енергија“ – изјави Зверев.

Тој минатата сезона освои само една титула.

„Мислам дека мојата подготовка мина добро. Беше малку поразлично и пократко, започнав да играм тенис пред една недела, но се чувствувам добро. Се чувствувам во добра форма. Знам дека можам физички да издржам долги мечеви“ – рече германскиот тенисер.

Scroll to Top