Германскиот тенисер Александар Зверев изненадувачки го совлада големиот Роџер Федерер во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Лондон. Младиот тенисер попладнево го доби мечот со 2:0 во сетови и тоа 7:5 и 7:6 по гемови.
Првиот сет беше израмнет, се додека Федерер одигра лошо на крајот на сетот и му дозволи три брејк шанси на Зверев, кој пак ја искористи првата и го освои сетот со 7-5.
Во вториот сет Швајцарецот тргна подобро, со брејк дојде до водство од 2-1, но веднаш потоа Зверев го врати брејкот и израмни на 2-2. Во продолжение двајцата беа сигурни на свој сервис и мечот влезе во тај брејк каде Зверев беше поуспешен и со 7:6 закажа финале на Мастерсот.
Својот противник Зверев ќе го добие вечерва по мечот од второто полуфинале меѓу Кевин Андерсон и Новак Ѓоковиќ.