Top Sport

ТОП голови на Светските првенства (според ФИФА)

ФИФА предизвика мала „бура“ на Интернет со објавата на официјално најдобрите голови на Светското првенство, на кое преку Фејсбук фановите го избраа голот на Мануел Негрете за Мексико против Бугарија на СП во 1986 година како најдобар гол на сите СП.

Изборот е контроверзен поради тоа што Негрете на пример го победи Диего Марадона и неговиот „магичен“ гол на истото СП против Англија (голот беше на четвртото место), додека второто место го освои Бразилецот Едер за голот против СССР.

Ние ви нудиме еден поголем избор на голови (околу половина час). Кој е навистина најдобриот гол на СП?


Scroll to Top