Top Sport

Звезда израмни во финалето на АБА-лигата

Црвена звезда успеа да го победи Будуќност со 69:59 во вториот натпревар од финалето на АБА-лигата за „преселба“ во Подгорица со 1:1 резултат.

Ален Омиќ беше клучниот човек за „црвено-белите“ откако постигна 15 поени, од кои повеќето во одлучвачката последна четвртина, Тејлор Рочести имаше 11, а Огњен Добриќ 10 поени, додека кај Будуќност, Немања Гордиќ имаше 22 поени.

Звезда беше доминантна во скоковите, посебно офанзивните, додека Будуќност за разлика од првиот натпревар во Белград кога ги изненадија домашните со моќен старт, овојпат не беа најпрецизни од далечина.

Третиот и четвртиот меч од финалето на регионалната лига се играат во Црна Гора на 13 и 14 април, а „мајсторката“ ако биде потребна ќе се игра во Белград на 16 април.

Фото: АБА лига

Scroll to Top