Top Sport

„Пеколен“ старт за МЗТ Скопје во АБА: Гостување кај Црвена Звезда и домашен меч со Партизан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат жесток почеток на новата сезона во АБА лигата. Во првото коло ќе гостуваат во Белград против Црвена Звезда, а веќе во второто коло го пречекуваат Партизан на Жељко Обрадовиќ во СЦ „Јане Сандански“.

Уште од самиот почеток избраниците на тренерот Александар Петровиќ ќе се сретнат со екипите кои ќе играат и во Евролигата.

МЗТ Скопје полека го комплетира ростерот за следната сезона. Останаа Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев кои се македонски репрезентативци, а тука се и Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Можно е да остане и Војдан Стојановски.

Scroll to Top