Top Sport

Ѕвездата на „воините“, кралот на тројките – се враќа на паркетот

Моментот кој многумина го очекуваа, се враќа на НБА-паркетите еден од најголемите кошаркари, Стеф Кари.

„Голден стејт одлучи да го врати Стеф Кари од развојниот тим Санта Круз“ – гласеше денеска информацијата на официјалниот канал на Вориорси.

Кари (31 година, 191 сантиметар“ доживеа скршеница на дланката на четвртиот овосезонски меч кога на мечот против Феникс врз него падна Ерон Бејнс. Се очекуваше пауза околу 3 месеци, а Вориорси сега информираа дека е подготвен да се врати во тимот.

Голден стејт не сакаше да брза со неговото враќање затоа што сметаат дека „сезонава е веќе фрлена во празно“.

Кари направи револуција во НБА со шутирањето тројки, па постави рекорд на погодени удари од далечина во една сезона.

Досега има вкупно 2.492. На вечната листа и понатаму пред него се Реџи Милер (2.560 и Реј Ален (2.973 тројки).

Голден Стејт наредниот меч (утре рано наутро) го игра против Денвер Нагетс, па останува да се види дали тренерот Стив Кер ќе го испрати Кари на теренот.

Scroll to Top