Шпанскиот ракометен клуб Адемар Леон го потврди трансферот на голманот на Вардар Калифа Гедбан. Договорот помеѓу двете страни бил потпишан на две години, а ќе започне да важи од наредната сезона.
Алжирецот долго време се поврзуваше со трансфер во Адемар Леон, уште од моментот кога клубот го напуштија Павел Атман и Даинис Криштиопанс.
Потоа Шпанците тврдеа дека трансферот нема да биде реализиран бидејќи Гедбан имал преголеми финансиски барања.
Сепак двете страни успеале да се договорат и Гедбан по две години што ги мина во Вардар ќе се врати во Шпанија, каде во минатито бил член на екипата Анхел Хименез.
фото/rkvardar.mk