Top Sport

35 ракометари на спискот за евро-квалификациите

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските натпревари за пласман на ЕУРо 2024.

dobivaj vesti na viber

Македонија е дел од Групата 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург.

Во рамки на ЕХФ неделата ракометарите ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12.октомври, а потоа ракометарите ќе гостуваат во Турција на 16.октомври.

Европското првенство ќе се одржи во период од 10. до 28. јануари 2024 година во Германија.

Scroll to Top