Top Sport

Алборг му се одмазди на Вардар – втор пораз во низа за „црвено-црните“

Данскиот Алборг му се одмазди на Вардар за високиот пораз на првиот меч во Скопје, победувајќи го 33:29 за втор пораз во низа за тимот на Веселин Вујовиќ во ЕХФ Лигата на шампионите.

Алборг почнаа со серија од 3:0, и иако Вардар успеа да се врати за да поведе со 8:7, до крајот на првото полувреме, данскиот клуб направи предност од три гола (16:13). И второто полувреме Алборг го почна со три гола без одговор, за да направи предност од шест гола, од која потоа „црвено-црните“ не успеаја да направат вистински камбек.

Арон Палмарсон беше првата ѕвезда на Алборг со осум гола, додека кај Вардар, стандардно најефикасен беше Тимур Дибиров со девет постигнати голови, а Кевин Њокас додаде 7.

Во дербито во групата А, Кил и Пик Сегед одиграа возбудливо 32:32 реми, додека Елверум ја продолжи лузерската серија на ППД Загреб со рутинска 30:25 победа.

Фото: ЕХФ

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Алборг – Вардар 33:29 (16:13)

Елверум – ППД Загреб 30:25 (15:10)

Кил – Пик Сегед 32:32 (17:14)

Монпелје – Мешков Брест 20.45 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Кјелце – Порто 39:33 (21:17)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top