Top Sport

Алушовски откри дел од плановите за „новиот“ Вардар (видео)

Стевче Алушовски, тренерот на РК Вардар беше гостин на „Интервју на неделата“ на популарниот ракометен веб-сајт „Балкан хендбол“, каде што зборуваше за иднината на европскиот шампион и склопувањето на тимот за следната сезона, откако РФМ го откажа домашниот шампионат, а ЕХФ не им даде шанса да ја бранат европската титула на терен.

Алушовски го потврди враќањето на поранешниот претседател на клубот, Михајло Михајловски во „обновениот“ Вардар, кој со намален, но и „реален“ буџет ќе се обиде да го продолжи присуството на „црвено-црните“ на големите натпреварувања.

„На состанокот Михајловски ги информираше ракометарите за плановите за иднина и им кажа дека нема да има буџет како досега. Сташ Скубе веќе замина, но со другите ќе се преговара – Дисингер, Дибиров, Чупиќ. Се надевам дека ќе можеме да го донесеме голманот Никола Митревски и со еден македонско-странски тим да се остане респектабилен на европската сцена“, вели Алушовски.

Остатокот од интервјуто можете да го послушате во видеото.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top