Top Sport

Алжир е „лесен залак“ – Македонија има +8 на полувреме

По трите разочарувачки порази во главната фаза на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска, македонската репрезентација е пред својата прва победа, откако во првиот меч од таканаречениот Президентс куп има висока предност од 19:11 против Алжир.

Мечевите од „утешната“ фаза на Мундијалот ќе бидат шанса тимот на Кирил Лазаров малку да го поправи впечатокот по разочарувачки високите порази од Норвешка, Холандија и Арентина.

Македонија водеше од почетокот до крајот на полувреемето, зголемувајќи ја предноста со леснотија. Жарко Пешевски со шест гола е најефикасен во нашиот тим, додека Манасков и Талески имаат по три гола.

Фото: РФМ

Scroll to Top