Top Sport

Сити останува најбогатиот фудбалски клуб на светот, повеќе од половина од топ 20 се англиски клубови

Манчестер сити остануваат најбогатиот фудбалски клуб на светот според аналитичката куќа „Делоит“, на листа на која Ливерпул го претекна Манчестер јунајтед, а фактот што повеќе од половина од топ 20 клубовите се од Англија ја покажува финансиската сила на Премиерлигата.

Сити успеале да „генерираат“ 619.1 милиони фунти во 2021/22, и најблиски им се Реал Мадрид со 604.5 милиони фунти, додека Ливерпул првпат се пред своите лути ривали Манчестер јунајтед на третото место со 604.5 милиони фунти во однос на 594.3 милиони фунти на „ѓаволите“. Топ 5 го комплетира францускиот гигант Пари Сен-Жермен со 554 милиони фунти.

Барселона по сите финансиски проблеми паѓа на седмото место со 540.5 милони фунти, а на листата има уште осум премиерлигаши: Челси, Тотенхем, Вест хем, Лестер, Лидс, Евертон и Њукасл. Во топ 30 на светот има дури 16 Премиерлигаши.

„Моделот на Премиерлигата е прифатлив за странските пазари и постои опасност таа финансиска разлика да не може да се надополни од страна на другите лиги. Тие би требало да извадат нешто посебно, некоја нова технологија или да има процес на интернационализација за да ги зголемт своите профити. Тоа е предизвик за остатокот на европските клубови“, вели Тим Бриџ, шефот на спортската бизнис-групација на „Делоит“.

ТОП 20 НАЈБОГАТИ КЛУБОВИ НА СВЕТОТ
1.Манчестер сити (Премиерлига) 619.1 милиони фунти
2.Реал Мадрид (Ла лига) 604.5 милиони фунти
3.Ливерпул (Премиерлига) 594.3 милиони фунти
4.Манчестер јунајтед (Премиерлига) 583.2 милиони фунти
5.Пари Сен-Жермен (Лига 1) 554 милиони фунти
6.Баерн Минхен (Бундеслига0 553.5 милиони фунти
7.Барселонаа (Ла лига) 540.5 милиони фунти
8.Челси (Премиерлига) 481.3 милиони фунти
9.Тотенхем (Премиерлига) 442.8 милиони фунти
10.Арсенал (Премиерлига) 367.1 милиони фунти
11.Јувентус (Серија А) 339.3 милиони фунти
12.Атлетико Мадрид (Ла лига) 333.6 милиони фунти
13.Борусија Дортмунд (Бундеслига) 302.2 милиони фунти
14.Интер (Серија А) 261.2 милиони фунти
15.Вест хем (Премиерлига) 255.1 милиони фунти
16.Милан (Серија А) 224.4 милиони фунти
17.Лестер (Премиерлига) 213.6 милиони фунти
18.Лидс (Премиерлига) 189.2 милиони фунти
19.Евертон (Премиерига) 181 милиони фунти
20.Њукасл (Премиерлига) 179.5 милиони фунти

Scroll to Top