Македонскиот селектор Раул Гонзалес, поради начинот на кој што игра репрезентацијата на Светското првенство добива се повеќе критичари. Најмногу замерки ониена кои ракометот име професионална определба имаат на тврдоглавото форсирање на играта в нападот „7 на 6“.
Веселин Вујовиќ во колумна напиша дека Раул се однесува како Македонија да му е попатна станица и му делувал како човек кој со душа чекал да заврши првенството за да може да и се посвети на работата во Пари Сен Жермен.
Македонија, синоќа, одигра одлично првото полувреме против Шпанија, а потоа ракометарите„ исчезнаа“ од теренот и „црвената фурија“ забележа лесна победа (21:32).
Играта и тактичката определба го натера на социјалните мрежи со коментар да се огласи и тренерот на Охрид, Горан Андоновски.
„Со 7 на 6 за 2 минути загуби меч. Утре пак нека игра 7 на 6 заради нечие его да ни докажува дека е во право. Кој стигне игра мајтап со Македонија. Да беше селектор Македонец ќе го меневте на полувреме. Не зборувам само за Руал СРАМЕН натпревар со Турција, катастрофа со Грција и овде мајтапи 60 минути 7 на 6. Раул е тренериште ама мислам дека Македонија му е заморче за експерименти“, напишал поранешниот репрезентативец на Македонија.
Македонските ракометари, вечерва од 18 часот против Исланд ќе го одиграат клучниот меч за пласман во втората фаза на 26. Светско првенство.