Ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ на натпреварот против Јужна Кореја го одигра 100.натпревар во дресот на репрезентацијата на Србија.
Лекиќ за националсниот тим дебираше во 2006 година и досега во кариерата има настапено на пет европски и две светски првенства. Со Србија има сребрен медал од Мундијалот во 2013 година. Истата година во Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионките.
Лекиќ со Вардар минатата година го освои второто место во шампионската Лига.
Јубилејот, Лекиќ го прослави со победа над Јужна Кореја 33:28. Србија го освои првото место во Групата-Д на Светското првенство во Германија и во осмина-финалето ќе игра против Црна Гора.