Арон Палмарсон одлучи да ја заврши својата кариера. Легендарниот Исланѓанец верува дека повеќе не може да игра на највисоко ниво и дека е време да се пензионира.
Палмарсон моментално е играч на Веспрем, каде што го завршува својот втор договор, а првпат играше во периодот од 2015 до 2017 година.
Малкумина очекуваа дека Палмарсон ќе се пензионира оваа година бидејќи потпиша договор со овој тим до летото 2026 година. Клубот го прифати неговото барање, сето тоа затоа што веруваат дека тој не се чувствува подготвен и не може да му помогне на тимот.
Во неговите два мандата со Веспрем, Палмарсон освои две титули во Унгарија и двапати стигна до Фајналфорот на Лигата на шампионите.
Како играч за Барселона и Кил (двапати), тој беше европски шампион, а за Исланд одигра 148 натпревари и постигна 576 гола.