Top Sport

Аутсајдерот Луксембург прва пречка на патот до ЕУРО 2024

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Први противник на Македонија ќе биде аутсајдерот Луксембург.

Македонскиот ракомет влегува во нова ера. Дел од националниот тим, како играчи, повеќе не се Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов. Натпреварот во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 19 часот.

Во овој прозорец, Македонија ќе игра и со Турција. Избраниците на селекторот Лазаров, на 16.октомври ќе гостуваат во Турција. Во групата покрај овие три репрезентации партиципира и Португалија.

Пласман на ЕП ќе изборат по две репрезентации од секоја група, како и како и четири најдобро третопласирани.

Scroll to Top