Top Sport

Барса го доби Веспрем, Кјелце подобри од Рајн Некар (Видео)

Екипите на македонските репрезентативци Дејан Манасков (Веспрем) и Филип Талески (Рајн Некар) забележаа порази во рамките на второто коло, во Лигата на шампионите.

Рајн Некар гостуваше во Полска, кај тимот на Кјелце и запиша пораз 35:32. Тимот на Талески имаше пет гола предност во првиот дел (6:11), но до крајот на полувремето Кјелце успеа да израмни (17:17). Во второто полувреме полските шампиони успеаја да победата.

До првиот триумф во сезоната Кјелце го предводеа поранешните играчи на Вардар, Лука Циндриќ и Алкес Душебаев со по пет гола. Талески не успеа да постигне ниту еден гол за Рајн Некар.

Барселона, во дербито на колото, славеше над Веспрем 31:28. Мечот помеѓу двата тима беше максимално израмнет, а Барса клучната разлика од три гола ја направи во средишницата од вториот дел.

Мортенсен и Мем со по седум гола беа најефикасни кај Барселона, додека Веспрем го предводеше Гајиќ со девет гола. Манасков не успеа да постигне гол.

Scroll to Top