Барселона се намачи, но стигна до 35:32 победа кај најголемото изненадување во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона, данскиот Алборг за да го заддржи совршениот скор од 8 победи во 8 меча оваа сезона.
Каталонскиот тим направи предност од четири гола на полувреме, која ја оддржуваше до последните 10 минути од мечот, кога Алборг успеа да израмни и да најави ново изненадување како победата над Веспрем. Сепак, каталонскиот гигант се созеде во финишот и стигна до нова победа. Арон Палмарсон уфрли 6 гола, Лука Циндриќ и Тимоти Н’Гесан имаа по пет, додека за Алборг, Николај Кристенсен имаше дури 10 гола.
Веспрем пак, се врати на победите со 41:33 триумф над Кил, откако на полувреме беше израмнето (19:19). Петар Ненадиќ со 10 гола беше најдобар кај унгарскиот тим, додека Никлас Екберг имаше 8 за Кил.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б
Алборг – Барселона 32:35 (15:19)
Веспрем – Кил 41:33 (19:19)
Табела: 1.Барселона 16, 2.Веспрем 13, 3.Алборг 10, 4.Кил 7, 5.Нант 4, 6.Мотор 4, 7.Целје 2, 8.Загреб 0