Top Sport

Барса на чекор до нов настап на Ф4 по доминацијата во Данска

Барселона е на чекор до нова борба за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите, откако во првиот меч од четврт-финалето стигна до убедлива 37:30 (19:15) победа на гости кај ГОГ.

По почетното водство од 1:0 и 2:1 на ГОГ, каталонскиот фаворит ја презеде контролата на текот на мечот, правејќи разлика од четири гола до полувремето (19:15), за во второто полувреме оваа разлика да достигне и до 8 гола предност, за на крајот реваншот во Барселона да биде само формалност.

Поранешниот вардарец, Лука Циндриќ беше најрасположен за игра со осум гола за Барселона, додека Лудовик Фабрегас додад пет гола. За ГОГ, Емил Мадсен заврши со девет гола.

Scroll to Top