Top Sport

Барса останува совршена во Лигата на шампионите

Барселона продолжува со застрашувачката форма во ЕХФ Лигата на шампионите, забележувајќи го седмиот триумф во седум меча оваа сезона, откако иако потешко од очекувањата со 29:25 (13:12) беа подобри од Кил во дербито.

Ова е неверојатна 20-та победа во низа за Барса во Лигата на шампионите, откако минатата сезона беше прекината, а фајнал-фор турнирот уште не е одигран, и исто така 23-та домашна победа во низа во ЛШ. Во последните пет години, Барса има 40 домашни победи и само едно реми, а последен пораз им се случи на 5 декември 2015, кога Кјелце ги победи со 33:31.

Сепак, тие не успеаја да се одвојат во текот на целиот меч од упорните бундеслигаши, за во последните пет минути да ја направат разликата од четири гола – иако ова е најмала разлика за нив оваа сезона и најмал број на постигнати голови (29).

Лудовик Фабрегас беше најефикасен за „блауграна“ со шест гола, додека по четири уфрлија Макуч, Бенгоечеа и Доленец. За Кил, најдобар беше Миха Зарабец со пет гола.

Scroll to Top