Top Sport

Барса со шампионски старт кај Флензбург

Актуелниот десеткратен европски шампион, Барселона стигна до гостинска 21:25 (10:13) победа кај Флензбург комплетирајќи го првото коло во ЕХФ Лигата на шампионите и најавувајќи дека и оваа сезона ќе се први фаворити за титулата.

Каталонците почнаа моќно, со 1:4 водство на стартот на мечот, и во ниту еден момент не му дозволија на бундеслигашот да се врати во игра и да се доближи на помала разлика.

Дика Мем беше најефикасен за Барса со седум гола, додека шест уфрли неговиот сонародник Мелвин Ришардсон, додека кај Флензбург, Хампус Ване и Ханс Арон Менсинг имаа по шест гола.

Scroll to Top