Ракометарот на Барселона, Лука Циндриќ, поради повреда ќе мора на принудна пауза. Поранешниот играч на Вардар го повредил бутниот мускул.
Барселона, објави, дека во наредните три недели Циндирќ ќе биде на рехабилитација.
Циндриќ, поради повредата, нема да може да и помогне на Хрватска, во натпреварите против Словачка и Унгарија, кои ќе се одиграа кон крајот на овој месец, во рамките на Еврокупот.
Веројатно, Циндриќ, ќе го пропушти и првиот натпревар во четврт-финалето, во Лигата на шампиони, против Мешков Брест на 12.мај.