Тимот на Барселона со нова победа на домашен терен во Лигата на шампионите. Вечерва нова жртва на Каталонците беше полскиот првак Киелце со кормиларот, Талант Душебаев. Домаќините славеа со 31-27 (14-11 на полувреме).
Мортенсен со 6 гола, Абело со 7 и Палмарсон со 5 гола беа најефикасни во Барсеона, а Алекс Душебаев со 6 и Лука Циндриќ со 4 гола беа најдобри во Киелце.
Во недела во Скопје ќе има дуел на Вардар и Барселона, на кој и двете екипи ќе влезат со по 5 победи и 1 пораз.