Top Sport

Барселона подобра од Киелце, Каталонците в недела во Скопје

Тимот на Барселона со нова победа на домашен терен во Лигата на шампионите. Вечерва нова жртва на Каталонците беше полскиот првак Киелце со кормиларот, Талант Душебаев. Домаќините славеа со 31-27 (14-11 на полувреме).

Мортенсен со 6 гола, Абело со 7 и Палмарсон со 5 гола беа најефикасни во Барсеона, а Алекс Душебаев со 6 и Лука Циндриќ со 4 гола беа најдобри во Киелце.

Во недела во Скопје ќе има дуел на Вардар и Барселона, на кој и двете екипи ќе влезат со по 5 победи и 1 пораз.

Scroll to Top