Денеска на Стариот континент стартува новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Титулата ја брани Барселона.
Ракометниот крем на Стариот континент ќе брои 16 екипи поделени во две групи со по осум клуба. За жал, поради финансиски проблеми нема да го гледаме Вардар, европскиот првак од 2017 и 2019 година. Со одлука на ЕХФ македонскиот гигант е исфрлен од Лигата на шампионите, што значи дека Македонија по 22 години нема да има претставник во најсилното натпреварување.
Првите два тима во двете групи ќе изборат директен пласман во четвртфиналето, додека од третото до шестото место ќе разигруваат за пласман меѓу осумте најдобри клубови на Стариот континент.
Ракометниот поредок не треба да се менува оваа сезона. На хартија, Барселона, Кил и Киелце се првите три фаворити. Во игра за круната е вечниот кандидат за титулата шампион на Европа, Веспрем.
Француски Пари Сен Жермен е послаб од претходните години, а на место меѓу четирите најдобри екипи можат да се надеваат и Алборг, Магдебург, ПИК Сегед, можеби Нант, додека пријатно изненадување сезонава би можел да биде Динамо од Букурешт.
Најмалку шанси имаат Целје, Загреб и Елверум.
Вечерва на програмата е дербито Пик Сегед-Барселона (18:45 часот). Во истиот термин Кил ќе го пречека Елверум. Од 20?45 часот ќе започнат дуелите Кјелце-Нант и Загреб-ГОГ.
Група А: ГОГ, Магдебург, Веспрем, Висла, Загреб, ПСЖ, Порто, Динамо Букурешт
Група Б: Алборг, Кил, Елверум, Кјелце, Нант, Барселона, Пик Сегед, Цеље.