Top Sport

БиХ поради техничка грешка може да остане без пласман на СП

Додека најдобрите европски репрезентации се борат за титулата на шампионатот во Хрватска, селекциите кои не изборија пласман на ЕП играат квалификации за пласман на Светското првенство.

Босна и Херцеговина забележа две победи против Швајцарија, а особено спектакуларна беше синоќешната во Тузла 21:15. БиХ одигра пеколно во одбраната, предводена од голманот Буриќ на Швајцарија и дозволи да постигне само шест гола во првото полувреме.

На крајот Буриќ заврши со 20 интервенции.

На крајот следуваше голема радост на играчите на БиХ, но тоа траеше само неколку минути, бидејќи Швајцарците вложиле жалба. Во протоколот за натпреварот немало еден играч кој настапил на мечот и постигнал еден гол.

Томислав Нујиќ играл, а не бил во записникот, а кога делегатот ја убидел грешката го исклучил играчот.

Од Ракометниот сојуз на БиХ тврдат дека вината не е кај нив, но со нетрпение ја чекаат одлуката на ЕХФ. Доколку службени го загубат мечот тогаш Швајцарија ќе игра на Светското првенство.

„Ние пријавивме 15 играчи, а поради грешката на делегатот на списокот го немаше Томислав Нујиќ. Дури кога постигна гол им стана јасно дека него го нема во записникот. Тоа е техничка грешка, тој имаше право да игра и ние очекуваме дека овој резултат ќе остане“, рекол директорот на репрезентацијата на БиХ, Гордан Музуровиќ.

ЕХФ во текот на денешниот ден треба да се произнесе по жалбата на швајцарската репрезентација.

Scroll to Top