Еурофарм Пелистер после 18 години успеа да ја освои титулата во ракометниот шампионат на Македонија. Клучен беше триумфот над РК Вардар 1961 во Битола, а „црвено-црните“ кикснаа и на вчерашното гостување против Тиквеш во Кавадарци.
Тоа им ја донесе титулата на битолчани на едно коло пред крајот, откако го победија Охрид на гостински терен.
Кој вели дека нема фер-плеј меѓу големите ракометни ривали во Македонија? Борко Ристовски, голманот на РК Вардар 1961, јавно им честиташе на ракометарите на Еурофарм Пелистер за освоениот шампионски трофеј.
„Треба да се биде чесен и искрен и да се честита на освојување на титула во првенството!“, истакна Борко Ристовски на Инстаграм.