Top Sport

Борозан имал сообраќајка, го пропушта ЕП

Ракометната репрезентација на Црна Гора значително ослабена ќе настапи на Евроското првенство, бидејќи најдобриот играч Вуко Борозан најверојатно ќе го пропушти контитнеталното првенство.

Борозан, како што пишува „vijesti.me“, синоќа доживеал сообраќајна несреќа поради што два месеци ќе биде надвор од ракоментите терени.

Според истиот извор сообраќајката се случила во близина на Цетиње. Борозан со својот авотмобил излетал од патот. За среќа не се здобил со посериозни повреди, само го повредил мускулот, поради што ќе мора да одмора подолго време.

Борозан, денес, во вилата „Горица“ трена да ја прими наградата за најдобар спортист на Црна Гора за 2017 година. Денес, исто така ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи по што точно ќе биде познато колку тој ќе отсуствува од ракометните терени.

Црна Гора на Европското првенство се наоѓа во групата со Македонија, Словенија и Германија.

Scroll to Top