Top Sport

Борозан не сака да игра повеќе за Црна Гора

Спортистот на годината во Црна Гора и најдобриот ракометар на оваа земја, Вуко Борозан, повеќе нема да настапува за репрезентацијата. Ова не е прв пат Борозан да објави дека повеќе нема да игра за Црна Гора. Неговиот потег црногорските медиуми го оценуваат како несериозен.

„Се слушнав со него и ме извести дека повеќе не сака да игра за Црна Гора“, рекол за „Дневне новине“, црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ. Тој дополнил дека може да разбере дека Борозан во овој момент не е доволно подготвњн за го прифати повикот за ЕХФ неделата, потенцирајќи дека ќе продолжи да се бори тој и понатаму да биде дел од репрезентацијата.

„Ми рече дека се чувствува уморно и истрошено и дека не се гледа себе си во националниот тим“, рекол Ѓукиќ.

Инаку, Борозан поради повреда го пропушти Европското првенство во Хрватска. Играчот на Вардар се повреди во сообраќајна несреќа во близина на Цетиње на три недели пред стартот на првенството.

Scroll to Top