Top Sport

Војводина го отпушти Каменица

Познатиот ракометен стручњак Касим Каменица повеќе не е тренер на Војводина. Каменица кон крајот на минатата година ја презеде Војводина, откако доби отказ во ППД Загреб.

Поразот во финалето на домашниот Куп, начинот на кој го водел тимот во финалето и одбивањето со екипата да го прими медалот за второто место се причините за отказот.

„Не сакавме да го игнорираме фактот дека шефот на стручниот штаб одби со екипата да го прими медалот за второто место. Тоа е недозволиво. Таквото однесување не може да се мери со големината на тренерското име“, рекол претседателот на Војводина, Милан Ѓукиќ.

На функцијата Каменица ќе го замени неговиот помошник Борис Ројевиќ.

Scroll to Top