Top Sport

Брзите Швеѓани убедливи против Македонија во првиот дел, 16-11

Левото крило на Шведска, Хампус Ване ја тероризираше одбраната на Македонија во првите 15-тина минута на воведниот натпревар од Мундијалот во Египет. По првиот дел Шведска води со 16-11 против Македонија во вториот меч од првото коло во групата Г.

Се до 17 минута имавме нерешено 9-9, оттогаш со серија од 5-0, Шведска стигна до 14-9 во 23 минута.
Ване со 6 гола кај Шведска е најпрецизен, а Македонија во овој период има и 6 грешки (наспротив само 1 дотогаш на противникот).

Одбраната на Македонија е бавна, а брзите шведски ракометари знаат како тоа да го искористат. Митревски има 4 одбрани, Томовски фати еден пенал.

Брестовац во 23 минута имаше тајм-аут, но и потоа ништо не се промени на паркетот во Каиро.

Лазаров во првиот дел има вкупно 4 гола, 3 од пенал. По два погодоци на Стоилов и Поповски.

Персон има 3 во Шведска.

Scroll to Top