Ракометниот суперлигаш Бутел успеа да ја продолжи соработката со еден од столбовите на одбраната, Кристијан Василевски. Со него е комплетирано триото на пивотмени, со оглед дека нови договори потпишаа и Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ.
Бутел Скопје претходно го ангажираше Горан Кузманоски за нов тренер и има високи амбиции.
Нови ракометари на клубот се бековите Лука Иваниќ и Марко Стојанов, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.