Top Sport

Цела Словенија е бесна по кражбата на ЕП

Шокантниот расплет на натпреварот помеѓу Словенија и Германија (25:25) во вторникот е тема на денот во Словенија, во медиумите и социјалните мрежи.

Словенците на седум секунди до крајот на мечот постигнаа гол преку Јанц за 25:24. Гол за победа, но тогаш во приказната се вклучија литванските судии и реи да ја прегледаат видео снимката.

Десет минути ја гледаа снимката и решија да му покажат црвен картон на Благотиншек, а Германија да добие удар од седум метри. Рајхман беше прецизен и ги постави конечните 25.25.

Причината за ваквиот епилог е следна. Откко Јанц го постигна „победничкиот“ гол Германците тргнаа кон центарот за да се обидат да шутираат. Еден Германец се обиде да шутне но Благотиншек го изблокира.

Овој потег е дозволен во ракометот, но само доколку играчот кој блокира е најмалку три метри оддалечен од притвникот.

„Доколу во последните 30 секунди од натпреварот, додека топката не е во игра, играч одолговлекува или го спречува противникот да ја изведе топката или да шутира кон голот, судијата мора да го дсквалификува и да досуди седмерец за противничкиот тим“, пишува во новите правила на ЕХФ, кои во сила стапија во 2015 година.

Веднаш по натпреварот своето незадоволство од ваквиот расплет го искажаа најпознатите спортисти и претседателот на Словенија Борут Пахор.

Лука Дончиќ најдобриот играч на Реал со големи букви напишач: „СРАМОТА“.

Клемен Препелич кој беше дел од кошаркарската репрезентација која го освои ЕП во Турција им порачува на ракометарите да продолжат понатаму по срамно одземената победа бидејќи „се се враќа и се се плаќа“.

Јуре Доленец кој поради повреда го пропушта ова ЕП порачува: „Повторно не ни дозволија да победиме“.

Драган Гајиќ се прости од репрезентацијата чии дрес го носеше 11 години, а во 2015 година беше најдобар стрелец на СП на наследниците им испрати порака: „Голам претстава и сјајна борбеност!Честитки, задоволство ми беше што ве гледав. А што се однесува до другите работи…останете заедно и бидете силни“.

Борут Пахор, претседателот на Словенија, порачува: „Без оглед на се, честитки за нашите ракометари!Веројатно ќе се видиме в среда на натпреварот со Црна Гора“.

Scroll to Top