Еурофарм Работник викендов го загуби натпреварот во Финска од Кокс (23:21), во Ц-групата во Лигата на шампионите. Два моменти во режија на битолските ракометари го обележаа овој меч. Голманот Градимир Чаневски ја има најдобрата одбрана, а Лово Јотиќ третиот најубав гол.
Еурофарм Работник во пресрет на последното коло се наоѓа на посчедното место во Ц-групата со четири бода, еден помалку од Татран Прешов и два помалку од Кокс.
Деби настапот во Лигата на шампионите битолските ракометари ќе го завршат в сабота кога во Битола ќе гостува лидерот во групата Бидасоа.